Ракометарките имаат тешка задача на денешниот реванш со Романија

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска македонската женска сениорска репрезентација ќе го игра реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство против Романија.

Дуелот се игра од 17.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, а нашата селекција ќе стартува со голема негатива од првиот меч во Букурешт (22:33).

За избраничките на селекторот Симе Симовски останува да го поправат впечатокот и се обидат да направат подобар резултат.

Составот на Македонија за денешниот натпревар: Стојановска, Гакидова, Јанеска, Боризовска, Седлоска, Џатевска, Ѓорѓиевска, Серафимова, Јанкуловска, Мицевска, Јовановска, Ристовска, Ливриниќ, Стојковска, Дабевска, Гичевска.

Судиска правда ќе делат Татјана Прастало и Весна Балван од Босна и Херцеговина, делегат е Светлана Обучина од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот