Раѓа: Каде се сега Македонците, им се подигна ли кошарката поради Бо Мекејлеб?

Лестер Бо Мекејлеб имаше голем придонес во историскиот успех на Евробаскет 2011/фото: kfsm.mk

Македонската сениорска репрезентација без победа ги заврши неодамнешните квалификации за пласман на Светското првенство 2023.

Неуспех на составот на Драган Бајиќ кој секако остава трага, остануваат да се направат анализи да се поправат грешките во иднина, каде да се поправи.

Селекторот Бајиќ по мечот со Украинците во Скопје рече дека со нов натурализиран Американец, нашата селекција би била 30 отсто посилна.

И другите репрезентации од регионот и пошироко се одлучуваат да ангажираат странци, а против таква идеја е советникот на кошаркарската федерација на Хрватска, Дино Раѓа.

Еден од најкритикуваните во тамошната јавноста после новиот неуспех на репрезентацијата која испадна од квалификациите за СП. Во Хрватска бараат оставка на луѓето од федерацијата, а една од темите за која се зборува и натурализирањето на стралци со цел квалитет да се подигне на повисоко ниво.

Македонија на Европското првенство 2011 го оствари досега најголемиот успех во својата историја освојувајќи го четвртото место, а доста голем придонес во тој резултат имаше Американецот со македонски пасош, Лестер Бо Мекејлеб.

– Што направи Македонија после тоа Европско првенство? Каде се сега? Како тоа им се исплати? Дали поради Мекејлеб се подигна кошарката во Македонија? Колку нашата кошарка профитираше со два купени Американци. Секако дека не профитираше. Странец е само маска за неактивноста, неработењето. Според мене, за репрезентацијата може да игра Хрват од Хрватска, Хрват од Босна и Херцеговина, Хрват од Германија, некој на кој барем еден од родителите е Хрват, некој што ги чувствува грбот и химната и му е чест да настапува за репрезентацијата. На крајот на краиштата, дали странецот има некаква гаранција за успех? – вели Раѓа за хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот