Радикална одлука на Кина: Забранува замрзнато месо, вирусот може да опстои и до три месеци

Месо / Фото: Архива на Слобден печат

Одлуката на кинеските власти стапува на сила веднаш.

Кина штотуку донесе одлука да го запре увозот на замрзнато месо и месни производи. По итниот состанок на надлежните служби, ваквата одлука е донесена поради новите случаи позитивни на Ковид – 19. Минатата недела беше затворен најголемиот пазар во главниот град на Кина на кој се продава месо, риба и овошје и зеленчук.

Неколку десетици лица заболеле од корона во меѓувреме, а властите во Пекинг одлучиле производите изложени на пазарот да бидат уништени.

Ву Зунио, главниот епидемиолог на кинескиот Центар за превенција и контрола на болести, изјавил дека вирусот може да преживее на површината од замрзнатата храна и до три месеци.

Како што се наведува во соопштението на кинеските власти, цариниците 100 процентно ќе ги контролираат сите пратки, а тоа значи и дека веќе договорените контингенти за увоз/извоз на месо се ставаат во мирување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот