Путин по апсењето на неговиот кум: Киев го расчистува политичкото поле од оние сили кои се за мирно решение

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / EPA-EFE/MICHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Според Путин, властите во Киев го расчистуваат политичкото поле од „оние сили кои се за мирно решение“ на конфликтот во Донбас и добрососедските односи со Москва, пренесува РИА Новости.

Се чини дека Украина сега ќе ги изведе пред лицето на правдата сите што соработуваат со Русија, рече рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи го прогонот на прорускиот политичар Виктор Медведчук.

Според Путин, властите во Киев го расчистуваат политичкото поле од „оние сили кои се за мирно решение“ на конфликтот во Донбас и добрососедските односи со Москва, пренесува РИА Новости.

Рускиот претседател посочи дека украинските граѓани биле обвинети за контакти со руската страна за економски прашања.

– Иако многумина, вклучително и оние од врвот на политичкото раководство на земјата, веќе многу години активно работат во Русија и Крим – и ништо, тоа се смета за норма – рече тој на состанокот со постојаните членови на Советот за безбедност.

– Националните медиуми се затвораат – и ништо, нашите западни партнери не реагираат на ова на кој било начин или ги поддржуваат одлуките од ваков вид – додаде тој.

За потсетување, украинскиот суд во четвртокот одреди куќен притвор за прорускиот политичар Виктор Медведчук, бидејќи тој се соочува со обвиненија за предавство, што може да предизвика нови тензии во односите со Русија.

Медведчук, кој се залага за поблиски односи со Москва и вели дека рускиот претседател Владимир Путин е кум на неговата ќерка, се смета за најважен руски политички сојузник во Киев, пренесува Ројтерс.

Оваа недела тој е обвинет за предавство и обид за ограбување на националното богатство на Крим, полуостров што беше вратен во Русија по референдумот во 2014 година.

По осумчасовно сослушување пред судијата во Киев, Медведечук доби наредба да биде во домашен притвор до 9 јули и тој ќе мора да носи наногика и да го предаде својот пасош.

Тој изјави дека ќе се бори против овие обвинувања, потенцирајќи дека тие се неосновани и незаконски.

Доколку биде прогласен за виновен, Медведчук може да се соочи со затворска казна од 15 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот