Пукање во Прокупље, има ранети

Утрово околу 6.30 часот според информациите од службата за итни случаи на Здравствениот дом во Прокупље, најверојатно имало обид за убиство и самоубиство.

Двете лица се во сериозна состојба и по укажаната лекарска помош на Ургентното одделение на болницата ќе бидат пренесени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

Истрагата е во тек и улицата е целосно затворена за сообраќај, а инцидентот се случил на само дваесетина метри од зградата на полицијата.

Очевидци за локалните медиуми велат дека се слушнале најмалку три истрели.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот