ПСЖ потпиша нов договор со Дракслер, ќе го откупи договорот на Кин

epa08716436 Paris Saint-Germain's Julian Draxler celebrates after scoring the 4-1 lead during the French Ligue 1 soccer match between Paris Saint-Germain (PSG) and Angers SCO at the Parc des Princes stadium in Paris, France, 02 October 2020. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер го продолжи договорот со францускиот ПСЖ до 2024 година, објави добро известениот италијански новинар Фабрицио Романо.
На Дракслер кој игра далеку подобро откако Маурицио Покетино седна на клупата на ПСЖ, пред десетина дена му беше понуден нов договор кој Германецот го прифати и во наредните три години ќе го носи дресот на „светците“.

Дракслер во ПСЖ пристигна 2017 година во траснфер тежок 36 милиони, е оваа сезона настапи на 34 натпрвеари на кои постигна четири гола и има седум асистенции.
Управата на ПСЖ се обидува пред крајот на сезоната да постигне договор за трансфер на Моисе Кин. Италијанскиот репрезентативец за ПСЖ настапува како позајмен фудбалер од Евертон, сезонава постигна 17 гола на 39 натпревари и во целост ги оправда очекувањата на управата на ПСЖ. Проблем во реализација на трансферот може да претставува сумата која ја бара Евертон, таа изнесува најмалку 45 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот