Прв триумф за Саинс во кариерата во спектакуларната трка на Силверстоун

Прва победа во Формула 1 за членот на Ферари, Карлос Саинс/Силверстоун, Британија/3 јули 2022/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Дефинитивно една од најдобрите трки во досегашниот дел од сезоната во Формула 1 шампионатот. Најдобар на трката за Големата награда на Британија на патеката Силверстоун беше Карлос Саинс од „Ферари“.

На втората позиција се најде возачот на „Ред Бул Рејсинг“, Серхио Перез, а на третата членот на „Мерцедес, Луис Хамилтон.

Водечкиот во генералниот пласман, возачот на „Ред Бул Рејсинг“, Макс Ферстапен имаше големи проблеми со болидот, а трката ја заврши дури на седмото место.

Вториот возач на „Ферари“, Шарл Леклер ја заврши трката како четвртопласиран, додека на петтото, односно шестото место се најдоа Алонсо и Норис.

Трката ја одбележа инцидентот на почетокот од трката кога во центарот на вниманието се најде Кинезот Жу Гуанју чиј болид се вртеше дури 20 метри и на крајот заврши во заштитната ограда.

Членот на „Алфа Ромео“ ги информираше фановите преку социјалните мрежи дека е во ред и нема потреба за загриженост.

Ферстапен по оваа трка и натаму е лидер на табелата, сега има 181 поен. Втор е неговиот клупски колега Перез со 147, додека Леклер е трет со 138 бодови. Денешниот победник Карлос Саинс е четврти со 127 бодови. Следниот викенд ќе се вози Големата награда на Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот