Прв пораз на ракометарите на Медитеранските игри

Селекторот на сениорите, Кирил Лазаров/Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир. Ракометарите во рамки на третото коло загубија од селекцијата на Шпанија со 22:31 и по три кола имаат по една победа, пораз и реми.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров добро го започнаа натпреварот, му парираа на фаворитот со 7:8 по што следеше серија од шест минути без постигнат гол. За тоа време, Шпанците ги казнуваа сите грешки на избраниците на селекторот Кирил Лазаров и направија серија  0:5 со која резултатски се одлепија и на одмор заминаа со предност од шест гола 8:14.

Во второто полувреме, помина во доминантна игра на „фуријата“ која прво поведе со 11:19, а потоа имаше и двоцифрена предност (13:25). До крајот на средбата, македонските ракометари успеаја само да ја намалат негативата на минус девет за конечни 22:31.

Најдобар во редовите на Македонија беше Серафимов со осум, додека кај „фуријата“ Фернандез, Одриозола и Серано дадоа по четири гола.

Македонија во посленото коло од групната фаза игра против селекцијата на Турција в сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот