Гоце Наумовски - Фото: Принтскрин

Професорот Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Професорот од Правниот факултет Гоце Наумовски, кој му беше советник на премиерот Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница со 63 гласа „за“ е избран за нов судија на Уставниот суд. Против беа седуммина пратеници, а воздржани немаше.

Наумовски се најде на списокот на советници на Владата кој беше објавен во јануари минатата година, а како што пишуваше, тој го советувал премиерот за прашања од областа на правото.

Тој е редовен професор на катедрата по Римско право и предава повеќе предмети: Римско право, Право и информатичка технологија, Право на трговски марки и географски називи; Патентно право, Спортско право, Реторика, Интелектуална сопственост и Правна реторика и аргументација.

Тој доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд. Таа наведе дека се повлекува „поради здравствени и лични причини“.

Претседателот на Уставен Костадиновски го испофали „Безбеден град“ пред Судот да одлучува по четири претставки со кои проектот се оспорува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот