Јадранка Дабовиќ Анастасовска / Фото: Уставен суд

Уставната судијка Дабовиќ-Анастасовска се повлече, вели дека оставката е од лични и семејни причини

Со ова Уставниот суд останува со само седуммина судии, што може да предизвика проблеми во одлучувањето

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка, која ја образложила со лични и семејни причини, потврдија од Уставниот суд за „Слободен печат“. Во писмо со кое го известила Собранието за потегот, судијката наведува дека промени од семејна природа во втората половина од годинава ја натерале да донесе одлука да се повлече од функцијата.

„Вршењето на функцијата судија на Уставниот суд за мене беше голема чест и одговорност. Се трудев да ја извршувам функцијата одговорно, со посветеност и професионалност. Но, поради непредвидените околности, сметам дека нема да можам да работам на предмети со целиот свој капацитет, кои најчесто не се од мојата потесна професионална определба на која сум се усовршувала цели 40 години“, пишува Дабовиќ-Анастасовска.

Таа информира дека од 1 јануари 2026 година се враќа на професорската позиција на Правниот факултет при УКИМ. Со заминувањето на Дабовиќ-Анастасовска, Уставниот суд останува со седуммина судии, што може да го отежни процесот на одлучување во наредниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот