Проф. д-р Софијанова: Две дечиња со симптоми на Кавасаки синдромот успешно се лекуваа и си заминаа дома

Фото: Фејсбук

Во земјава, последните два месеца се регистрирани две деца со симптоми слични на Кавасаки синдромот, или познат како „Kawasaki-like“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК, проф. д-р Аспазија Софијанова, шефица на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести во Скопје. Едното дете било на осум, а другото на петгодишна возраст.

-Децата имаа исфрлување на кожата. По една недела оспипот се повлече, но сметам дека симптомите слични на Кавасаки болеста беа последица од контакт со новиот коронавирус, иако тие немаа класичен симптоми на КОВИД-19“, вели проф. д-р Софијанова која е задолжена да го координира Ургентниот центар на Детската клиника за деца суспектни на коронавирусот.

Децата се излекувани и веќе си се дома.

-Станува збор за редок синдром, за кој не се познати причините за заболување. Но, новите истражувања покажуваат дека коронавирусот може да биде еден од иницијаторите кои може да влијаат на негово појавување- вели проф. д-р Софијанова.

Децата кои биле примени на Детската клиника во Скопје немале класични симптоми на КОВИД-19. Имале температура, но, не многу висока и немале наод на белите дробови. Едното дете било тестирано на КОВИД-19, и тестот бил негативен.

Професор Софијанова вели дека пред околу дваипол месеци, педијатрите од  САД, Кина и Италија почнаа да пријавуваат  случаи на деца со симптоми на Кавасаки синдромот, кој иако ретко, обично се јавува кај деца од 3-9 години. Станува збор за синдром за кој симптомите се налик на испукани капилари по телото, а се лекува со кортико и со биолошка терапија, како и со хигиенско-диететски режим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот