Продаваат куќи на Сицилија за само едно евро: Еве во што е фората (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Откако огласија продажба на куќи за едно евро, во градот Самбука близу Палермо, телефоните на локалното Собрание не престануваат да звонат.

Оваа мерка која е популарна во Италија, усвоена е на почетокот на јануари, а заменик градоначалникот на Самбука, Џузепе Качопо изјави тогаш дека куќите ќе бидат „продадени по цена на кроасан“, ако на аукција некој не понуди повеќе.

Веќе следниот ден стотина луѓе од Велика Британија, Дубаи, Панама и Русија стигнале во Самбука да ги разгледаат. Во меѓувреме, телефонот на градското собрание не престанува да звони со недели.

https://www.youtube.com/watch?v=LT4z8G15OvA

Во средата продадени се првите 16 куќи, најевтината за 1.000 евра, а најскапата за 25.000 евра.

Меѓу новите сопственици се семејства од Израел, Британија, Русија и Чиле.

Инаку новиот сопственик при купувањето мора да се обврзе дека во рок од три години во обнова на станот мора да вложи минимално 15.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот