Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам / Фото: Danny Lawson / Avalon / Profimedia

Принцот Вилијам има ново хоби кое Кејт го обожава: „Само тогаш можам да викам и врескам“

Принцот Вилијам пронашол ново хоби, и тоа неговата сопруга Кејт Мидлтон го обожава.За време на посетата на Северен Велс оваа недела, 43-годишниот принц од Велс откри дека и самиот се обидел со пливање во ладна вода, активност за која претходно мислел дека е „лудост“, пренесува „Пипл“.

„Потоа се чувствуваш одлично. Го обожавам тоа. Многу викам и врескам кога ќе влезам“, изјави принцот Вилијам во разговор со пливачките Криси Болтон, Џорџија Даниелс и Миж Овен Смит од локалната група за пливање во ладна вода „Colwyn Bay Blue Tits“. Принцот откри дека веќе неколку пати нурнал во ладните води на Шкотска и дека искуството му се допаднало.

„Го сакам спортот. Навистина, генерално ги сакам сите спортови. Сакам да пливам. Пливање во ладна вода“, изјави тогаш принцезата Кејт.

Принцот Вилијам додаде:

„Колку е поладно, толку подобро“, а Кејт низ смеа се согласи: „Апсолутно го обожувам тоа. Понекогаш дури до таа мера што Вилијам ми вели: Кејт, луда си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот