Принцот Хари и Меган Маркл на тајна посета кај кралицата

epa-efe
Фото: EPA-EFE

Војводата и војвотката од Сасекс, кои се преселија во Калифорнија се вратиле заедно во Обединетото Кралство за првпат од март 2020 година. Портпаролот на парот потврдил дека ја посетиле бабата на Хари, кралицата Eлизабета Втора (95), која била престој во замокот Виндзор, потврдува „People“.

Хари и Меган одржале строго тајни разговори за да го „исчистат воздухот“ со кралицата и принцот Чарлс во замокот Виндзор во четвртокот, откако застанаа во Обединетото Кралство на пат кон игрите „Invictus“ во Холандија.

Ова е првпат војвотката од Сасекс да стапне во Британија по напуштањето на кралските должности

Принцот Хари и Меган Маркл
Принцот Хари и Меган Маркл / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Меган последен пат се видела со кралицата на функција за Денот на Комонвелтот на 8 март 2020 година, но тврди дека редовно разговара со неа на телефон и преку видео повици. Во меѓувреме, Хари не ја видел својата баба лично од погребот на принцот Филип минатиот април, кога тој накратко го посети семејството.

Не е познато како брачната двојка пристигнала, но локалното население на имотот Виндзор зборува за нивното присуство, пишува „Daily Mail“.

Тие пристигналe инкогнито во средата и се верува дека престојувале во Фрогмор Котиџ. Се верува дека нивните деца Арчи и Лилибет не се со нив, а кралицата никогаш не ја запознала Лилибет.

кралица елизабета
Кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс / Фото: EPA-EFE/STR

Двојката оттогаш летнала во Европа за да присуствува на игрите „Invictus“, настанот во параолимписки стил што го организираше принцот за ранетиот персонал, во Хаг, кој ќе биде отворен во сабота.

Посета на кралицата ама и принцот Чарлс

Се верува дека парот дошол, не само за да ја види кралицата туку и таткото на Хари, принцот Чарлс, кој бил во резиденцијата со неговата сопруга, за да ја превземе службата на кралицата за прв пат.

Хари и неговиот татко зборуваа ретко во последните две години и тој силно го критикуваше Чарлс во минатогодишното интервју со Опра што не успеал да го поддржи и наводно финансиски го исекол – тврдењата оспорувани од поддржувачите на идниот крал кои велат дека тој е вознемирен поради отфрлањето на неговиот помлад син.

Кралицата Елизабета Втора постепено се повлекува од своите должности: Ја остава монархијата во други раце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот