ФОТО | Принцезата Шарлин по шест месеци првпат во јавност: Со замислен поглед, едвај се насмевнала

Фото: Профимедиа

Монегашката принцеза Шарлин се појави на трката Формула 1 Монако Е-при придружувана од својот сопруг принцот Алберт и близнаците, принцот Жак и принцезата Габриел. Ова е, воедно, првпат нацијата да ја види „најтажната принцеза на светот“ во јавност по долги шест месеци отсуство и престој во клиника за ментално здравје.

Во сив предимензиониран костум и панталони со мошне ефектни изрези на страните, принцезата Шарлин се појавила на сцената на Монако Е-При, трката на Формула 1.


Замислената принцеза постојано гледала во подот и се обидувала да го тргне погледот од фоторепортерот и нејзиниот сопруг, а јавноста можеше да забележи дека таа едвај се насмевнала.

Ова е првпат 44-годишната монегашка принцеза да се појави во јавноста по долгото отсуство и престојот во швајцарската клиника за ментално здравје.

Познато е само дека за Велигден се вратила кај семејството и празниците ги поминала со децата и сопругот.

Во текот на нејзиното доаѓање за да го прогласи победникот во Формула 1, седумгодишната принцеза Габриела цврсто ја прегрнала мајка си, јасно ставајќи ѝ до знаење дека повеќе не сака да се одвојува од неа.

Покрај тоа што престојуваше во една швајцарска елитна клиника, далеку од очите на јавноста, принцезата Шарлин минатата година помина десет месеци во родната Јужна Африка. Таму беше оперирана по тешка инфекција на синусите за време на самостојното хуманитарно патување.

„Најтажната принцеза“ објави први фотографии по враќањето од психијатриската болница

Принцезата Шарлин веќе некое време не е видена во јавноста, а сега не се појави ниту на настан што никогаш не го пропушта

ФОТО: Шарлин се врати дома: Пресреќна сум што го имам семејството покрај мене

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот