„Најтажната принцеза“ објави први фотографии по враќањето од психијатриската болница

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Принцезата Шарлин од Монако сподели фотографии за Велигден на својот профил на Инстаграм. Таа за празникот позираше заедно со својот сопруг, принцот Алберт и децата. Ова се први фотографии кои принцезата, која ја нарекуваат „најтажната принцеза во светот“, ги сподели по враќањето од психијатриската установа.

Пријателите во коментарите ѝ посакаа среќен Велигден, пишувајќи ѝ дека се надеваат дека добро закрепнува.

„Среќен Велигден. Се надеваме дека закрепнуваш со цел повторно да можеш да уживаш во својот живот и семејството. Се започнува од тоа да бидеме здрави“, „Прекрасно, биди среќна и здрава“, „Драго ни е што си се вратила дома“, гласеа некои од коментарите.

На една од фотографиите објавени на Инстаграм Стори принцезата седи со семејството во црква.

Шарлин се врати во Монако минатиот месец откако четири месеци ги помина во установа за менатално здравје. Палатата по нејзиното враќање истакна дека Шарлин е подготвена да продолжи со кралските должности покрај сопругот Алберт и своите деца, близнаците Жак и Габриела.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Нејзиното враќање дома е резултат на одличната грижа која ја имаше во клиниката, а сето тоа го одобрија и нејзините психијатри“, изјавија од палатата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот