Пријанка Чопра за бракот со Ник Џонас: „На луѓето им пречеше тоа што сум 10 години постара од него“
Пријанка Чопра Џонас проговори за тоа што, според неа, најмногу „им пречеше на луѓето“ во нејзината врска со сопругот Ник Џонас. Разликата во години во љубовните односи и понатаму е тема на дебата, а актерката, која е десет години постара од својот сопруг, со години се соочува со критики и предвидувања дека нивниот брак нема да успее. И покрај тоа, тие се заедно осум години и имаат ќерка, пренесува „Јунилад“.
Препорачано
Во интервју за „Варајети“, 43-годишната актерка и продуцентка објасни што, според неа, стои во коренот на негативните коментари за нејзината врска со 33-годишниот музичар. Двојката, која се венча само шест месеци по запознавањето, често беше мета на критики токму поради разликата во години.
„Мислам дека стануваше збор за интеркултурната природа на нашата врска – различни земји, различни религии, разлика во години“, изјави Пријанка, која потекнува од Индија.

Таа призна дека ваквите реакции на почетокот биле „многу болни“, но со текот на времето научила како да се справува со луѓето кои чекале нивниот брак да се распадне. Наместо да подлегнат на надворешниот притисок, одлучиле да се фокусираат еден на друг.
„Ние двајцата, наместо да гледаме нанадвор, едноставно се погледнавме еден со друг и си рековме: ‘Не е важно’. Така што, сега тоа едноставно се лизга по нас“, се присети актерката.
Пријанка го пофали и својот сопруг, истакнувајќи дека тој е „постојано искрен“ и дека токму тој ѝ помогнал да се чувствува „многу поудобно со својата несмасност и своите несигурности“ откако се венчале.
„Таа искреност навистина постојано ме инспирира“, додаде таа.

Зборувајќи за притисокот од славата, актерката објасни дека својот живот „на некој начин го поделила на два дела“, раздвојувајќи ја јавната личност од приватната.
Таа истакна дека нема проблем кога обожавателите ќе ѝ пријдат и ќе побараат фотографија, како и дека нејзиното обезбедување знае дека таа „сака кога луѓето доаѓаат и разговараат“ со неа.
Сепак, нагласи дека улогата на обезбедувањето е пред сè да спречи некој да ја снима неа и нејзиното семејство без дозвола.
„Тоа ми е најголема грижа, особено затоа што денес секој има мобилен телефон. Тоа се случува многу често, особено со мојата ќерка. Ќе бидеме во парк или на сладолед и одеднаш ги гледам тие снимки на интернет“, рече таа.
Се проценува на 28 милиони долари: Дијамантот „Булгари лагуна блу“ од Мет гала на аукција


