Претседателот не може да го оттргне погледот од својата сопруга: Брижит Макрон (67) ја покажа фигурата во костим за капење (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Претседателот Емануел Макрон во моментот летува на остров на југот од Франција со саканата сопруга Брижит Макрон. Претседателот на Франција и 24 години постарата прва дама го искористија слободното време со цел во целост да се опуштат, да се сончаат и да уживаат во морето.

Фото: Инстаграм

Иако се обидуваа да се сокријат од љубопитните, тие не успеаа да се сокријат од фотографите кои ги сликаа на бродот во костими за капење.

Секогаш префинетата сопруга на првиот човек на Франција не ја пропушта прилика да остави впечаток и на плажа, што успешно и појде од рака и со изборот на елегантен костим за капење кој нема рок на траење. Претседателот не го оттргнуваше погледот од сопругата, а на освежување одеше на џет-скии.

Фото: Инстаграм

Бржит одбра темносин едноделен костим за капење со минималистички дизајн кој го открива грбот. А дека претседателскиот пар на годишниот одмор ужива со полни гради, потврдија и нивните насмевки кои постојано беа на нивното лице.

Фото: Инстаграм

Емануел и Брижит се запознале кога тој имал 15, а таа 39 години. Денес првата дама била негова професорка, но и покрај големата разлика во годините, ништо не можело да застане на патот на нивната љубов.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот