Претседателката на ЕК денеска ќе го претстави планот за економско опоравување

Европски данок на пластика и данок на дигитално работење се само дел од начините за собирање на неопходно потребните средства, пишуваат дел од светските медиуми повикувајќи се на извори од ЕУ.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, ќе го претстави предлог планот за европско економски опоравување од последиците предизвикани од пандемијата предизвикана од новиот корона вирус.

Фон дер Лајен сака планот да се врзи за следните седумгодишни пресметки на Европската унија. Планот вклучува собирање неколку стотици милијарди евра на пазарите на капитал, а поголемиот дел од овие средства би биле наменети за помош на најтешкопогодените држави од пандемијата.

Европски данок на пластика и данок на дигитално работење се само дел од начините за собирање на неопходно потребните средства, пишуваат дел од светските медиуми повикувајќи се на извори од ЕУ.

Сличен план претходната недела предложија Франција и Германија, според кој ЕУ со помош на државни обврзници би обезбедила фонд вреден 500 милијарди евра за реактивирање на економијата и помош на индустриите кои се тешко погодени од избивањето на епидемијата.

Спротиставување на ваквиот план веќе изразија Австрија, Данска, Холандија и Шведска, кои велат дека програмата треба да се спроведува преку заеми а не преки неповратни средства.

Фон дер Лајен ќе одржи говор на посебна седница во Европскиот парламент во Брисел, по што е најавена и конференција за медиуми.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот