Премиерот на ФБиХ признава: Згрешивме кога констатиравме победа над короната

Фото Архива

Активни случаи имаме 3.513. Тоа ни кажува дека имаме проблем, потенцира премиерот на ентитетот ФБиХ. 

Фадил Новалиќ, премиер на Федерацијата Босна и Херцеговина, по итната средба со премирите на кантоните во ФБиХ, оцени дека овој ентитет во БиХ во првите два и пол месеци одлично се справувал со пандемијата на коронавирус и оти од еден од најдобрите станал еден од најзагрозените региони.

Појаснувајќи ја потребата од итен состанок, тој соопшти дека во првите два и пол месеци во ФБиХ имало 1.082 заразени, 39 починати и 87 активни случаи. – Тогаш констатиравме дека сме ја победиле короната, што се покажа како грешка, потенцира Новалиќ.

Тој уште рече дека „увезените” информации укажувале дека вирусот ќе ослабне во текот на летото, но тоа не се случило.

– Два и пол месеци после суспензијата на состојбата на природна несреќа – наместо 1082 имаме 8.488 заразени. Осум пати повеќе. Повеќе починати – 201. Активни случаи имаме 3.513. Тоа ни кажува дека имаме проблем, потенцира премиерот на ентитетот ФБиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот