Прекрасен гол на македонскиот репрезентативец Адеми за Динамо Загреб! (ВИДЕО)

фото: твитер

Иако „модрите“ на својот „Максимир“ беа во негатива, направија целосен пресврт против тимот на Интер Запрешиќ…

Денеска во пријателски натпревар екипата на Динамо Загреб со убедлив резултат 4:1 успеа да го совлада Интер Запрешиќ.

Во водство прв дојде составот на Интер Запрешиќ со погодокот на Мамут реализиран во 10 минута од средбата.

„Модрите“ на својот стадион „Максимир“ направија целосен пресврт во понатамошниот дел од мечот, израмнија преку Гојак (17`).

Во 36 минута после еден изведен корнер највисоко скокна македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој убаво со глава ја смести топката во противничката мрежа. На тој начин нашиот интернационалец со погодок го слави 29 роденден.

Останатите два гола беа постигнати во второто полувреме, во 49 минута стрелаше Кадзиор, а во 65 Оршиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот