Предлог за ова попладне: Ментол-десерт со орео

Ова попладне уживајте правејќи го овој десерт за вас и вашето семејство…

Состојки:

– 150 г мелени орео бисквити

– 250 г маскарпоне

– 50 г шеќер во прав

– 2 лажици топен путер

– 1 лажица екстракт од ментол

– 200 мл слатка павлака

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака додека добиете пенеста смеса. Маскарпонето изматете го со вилушка и додајте му го шеќерот во прав и екстрактот. Мешајте да се соедини. Потоа соединете го со матената слатка павлака. Во ореото додајте го путерот и мешајте да се соедини. Во чашки ставете прво од смесата со орео, па од филот со маскарпоне. Повторете ја постапката и најгоре посипете со малку мелено орео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот