Пред шест месеци го добија второто дете, а сега му ставаат крај на бракот – Се разведуваат Шехерезад и Сулејман?

Фото: Инстаграм

Актерката Бергузар Корел, попозната на нашите простори како Шехерезада од серијата „1001 ноќ“, во март го роди своето второ дете со актерот Халит Ергенч, кого го паметиме по улогата во „Сулејман Величествениот“. Иако сите мислеа дека односот на сопружниците е одличен и дека синот Хан ја надополнил семејната идила, изгледа дека тоа не е така.

Како што наведуваат турските медиуми, сопружниците се на чекор до одлуката за развод на бракот.

„Тие не се согласуваат за многу работи. Најлошото е што Халит не сакаше друго дете затоа што се смета за премногу стар, а неговата сопруга го убедуваше да го стори тоа речиси две години. Кога остана бремена, тој беше пресреќен, но откако се породи, таа целосно му се посвети на детето и тој сега се чувствува занемарено и запоставено. Одлучија да се разделат на неколку месеци, по што ќе одлучат дали ќе се разведат засекогаш“, изјави извор близок до двојката.

Фото: Инстаграм

Наводно, 50-годишниот Халит веќе започнал да се допишува со друга жена, за која турските медиуми велат дека е многу популарна и ја сметаат за една од најголемите актерски надежи на Турција.

„Му недостасува страст и жар, а неговата сопруга го одбива. Едноставно, недостасува хемија, таа воопшто не се обидува да го поправи тоа, а тој има потреби како и сите други”, додаде изворот.

Многу фанови го осудија актерот за таквиот однос и му упатија бројни осуди.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот