Правиме зимница: Рецепт за домашни кисели краставици

Фото: Профимедиа

Ако немате големо искуство во подготовка на зимница, а имате време, трпение и желба да подготвите нешто домашно, добро ќе ви дојдат неколку основни рецепти за да подготвите домашна зимница, која ќе биде поевтина, повкусна и поздрава.

Тука се исплати трудот, но доколку за подготовка користите само свеж, неоштетен и најквалитетен зеленчук. Расипаните и оштетени плодови може да предизвикаат расипување на целата зимница, затоа зеленчукот, приборот и садовите мора да бидат беспрекорно чисти, а теглите и шишињата стерилизирани.

Состојки:

– 2 кг краставички
– 2 л вода
– 1 л вода
– 2 главици кромид
– Копар
– 30 г шеќер
– Сол
– Бибер

Подготовка:

Измијте ги краставиците, исчеткајте ги со четка и исушете ги.

Зовријте вода со оцет и со врелиот раствор во друго тенџере прелијте ги краставиците и оставете ги да отстојат 3-4 часа.

Извадете ги краставиците од течноста и ставете ги во теглите (тесно наредете ги) што претходно сте ги стерилизирале.

Повторно сварете го оцетот со шеќер и сол, па врелата течност сипете ја во тегли. Имајте на ум дека течноста треба да биде 3-5 см над зеленчукот за добро да се скисели. Ако краставиците ви „пливаат“ одозгора, тие се подложни на расипување и треба со пластични штитници да се притиснат надолу.

Со цел дополнително да ги заштитите краставиците од расипување, додајте гранче копар во секоја тегла.

Покријте ги теглите со чинии за кафе и оставете ги така покриени да стојат 24 часа.

Ако краставиците ја впијат течноста, додајте ја течноста со оцет што сте ја свариле.

Пред да ги затворите теглите, покријте ги со целофан за киселината да не ги нагризе лимените капаци.
Чувајте ги на темно и суво место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот