Вардар 1961 ќе ја брани титулата на турнирот во Струга/Фото: facebook.com/ihtstruga

Познати сите учесници на 50 Струшки ракометен турнир

Летово по 50 пат ќе се организира традиционалниот ракометен турнир во Струга од 16 до 20 август 2022 година.

На отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе играат пет македонски екипи и три од странство.

Нашата земја ќе ја претставуваат екипите на Вардар 1951, Е. Пелистер, домаќинот Струга, Бутел Скопје и Алкалоид.

А своето учество го потврдија уште АЕК Атина од Грција, словенечкиот Целје и првакот на Словачка, Татран Прешов.

Минатата година трофејот на 49 издание на Струшкиот турнир го освои Вардар кој во финалето го совлада Е. Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот