Познат режисер ѝ се заканувал на Гал Гадот дека ќе ѝ ја уништи кариерата

гал гадот
Фото: Профимедиа

Извор упатен во ситуацијата тврди дека режисерот Џос Ведон се заканил дека ќе ѝ наштети на кариерата на Гал Гадот за време на повторувањето на снимањето на некои сцени за „Justice League“.

Обвинувањата на сметка на Ведон започнаа уште во јули минатата година, кога актерот Реј Фишер го обвини режисерот за „грубо, насилно, непрофесионално и целосно неприфатливо“ однесување на сетот.

Фишер, кој го игра „Киборг“ во „Justice League“, повторно зборуваше на оваа тема за „Холивуд репортер“, а тој ги нагласи и обидите да разговара со Ведон откако добил ревидирано сценарио.

Фото: Профимедиа

Ведон, кој наводно не сакал ниту да слушне за неговите забелешки, наводно изјавил дека не сака да добива упатства од никого, дури ни од Роберт Дауни Џуниор. Извори за „Репортер“ тврдат дека Ведон се однесувал слично со Гал Гадот и Џејсон Момоа кога го прашувале за промените во сценариото.

Фото: Профимедиа

Ведон и Гадот наводно се скарале и затоа што тој тврдел дека актерката сакала да „скока“ од еден на друг проект и изјавил дека е поагресивна од нејзиниот лик во „Wonder Woman“. Според приказната, откако Гадот се обидела да му се пожали околу нејзините реплики кои биле спорни за неа, тој се заканил дека ќе ѝ наштети на нејзината кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ray Fisher (@ray8fisher)


Фишер не навлезе во детали, но наводниот сведок подоцна рече дека Ведон ѝ се заканил на Гадот дека тој е сценарист и таа може само да молчи бидејќи во спротивно ако сака може да ја направи „неверојатно глупава во тој филм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot)


Наводно, Ведон ѝ се заканувал и на Пети Џенкинс, режисерката на „Wonder Woman“, а двете завршиле на состанок со тогашниот претседател на „Warner Bros“, Кевин Цуџихар. „Имав проблеми со Ведон и „Warner Bros“, но тие беа решени на време“, изјави подоцна Гадот.

Фото: Профимедиа

И Гадот и Момоа изразија поддршка за Фишер по неговите обвинувања, што предизвика истрага на „Warner Bros“. Студиото соопшти дека биле преземени корективни мерки, иако не ги откриваат резултатите од истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот