Позитивни случаи на Ковид-19 во Голден Арт КЛ7, целиот тим во изолација!

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавност и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на македонската суперлига во ракомет, кој се одигра во Радовиш против истоимениот тим, кај дел играчите се појавија симптоми карактеристични за вирусот Ковид19 (покачена температура, губење на вкус и мирис).

Па поради тоа Голден Арт КЛ7 како институција која е максимално одговорна спрема своите играчи и вработени веднаш изврши Ковид тестирање во Клиника Жан Митрев (преку брис од нос и грло) на комплетниот играчки кадар, стручниот штаб и комплетната логистика на клубот, по кое се откриени 16 Ковид позитивни резултати.

Според прописите за третман на лица кои се Ковид19 позитивни и лицата кои имале контакт со нив, комплетниот играчки кадар ќе биде ставени во изолација во следните 15 денови.

Клубот воедно потсетува дека пред стартот на подготвоките на тимот пред оваа натпреварувачка сезона, Голден Арт КЛ7 беше еден од ретките клубови кои направи комплетно теститрање на играчкиот погон во првиот тим и младинските категории, како и на комплетниот стручен штаб и клубската логистика, при што навремено беа откриени два случаи позитивни на Ковид вирусот, истите беа изолирани и излечени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот