Пожарот во Ист Гејт локализиран, нема повредени

Во трговскиот центар Ист Гејт утрово на најгорниот кат, во делот на рестораните, се запалил вентилациски канал кој ја спроведува пареата. Пожарот е локализиран, но противпожарните екипи сè уште се на терен. Нема повредени, само материјална штета.

-Се запалил вентилациски канал кој ја спроведува пареата. Пожарникарите сè уште интервенираат. На терен се 15 пожарникари со пет противпожарни возила, изјави за Медиумската информативна агенција командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

Пожар избувна во Ист Гејт

Пожарникарите добиле дојава од вработените во трговскиот.

На посетителите сè уште не им е дозволен влез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот