Повеќе не живеат во Лос Анџелес – Меган и Хари повторно се преселија во нова вила до уште попознати соседи

профимедиа

По животот во Ванкувер и Лос Анџелес, Меган Маркл и принцот Хари одлучија со синот Арчи да се преселат во Санта Барбара, пишува магазинот „People“.

Како што наведува споменатиот магазин, Меган и Хари ја купиле својата нова вила во овој живописен приморски град, кој лежи на околу 100 милји северно од Лос Анџелес.

– Војводата и војвотката од Сасекс се вселија во својата нова семејна куќа во јули оваа година, изјави претставничката на брачниот пар за магазинот „People“.

Фото: Профимедиа

– Од моментот на пристигнувањето имаат целосна приватност и се надеваат дека тоа ќе биде испочитувано и за нивните соседи, како и за нив како семејство, додаде таа.

Како што се наведува, сега откако се преселија, Меган и Хари се многу поблиску до својата пријателка, славната водителка Опра Винфри, која поседува неколку вили во ова подрачје.

Една од сосетките ќе им биде и мегапопуларната водителка Елен Деџенерис.

Фото: Профимедиа

Меган и Хари тврдат дека ги почитуваат сите мерки кои се пропишани поради пандемијата на коронавирусот.

– Како и сите, и тие одржуваат дистанца, внимателни се и многу се чуваат, додава изворот за наведениот магазин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот