Потсетување за возачите: Носете зимска опрема од недела, еве колкави се казните ако не ги почитувате правилата
Сите возачи во Македонија од недела мора да имаат соодветна зимска опрема во своите возила, согласно Законот за безбедност на сообраќајот, потсетува МВР. Оваа обврска важи за сите моторни возила во јавен сообраќај, без разлика на временските услови, и трае до 15 март.
Препорачано
Возењето без пропишана зимска опрема во овој период се казнува со 45 евра во денарска противвредност, а полицијата може и да го исклучи возилото од сообраќај.
Што се смета за зимска опрема?
За патнички автомобили до 3.500 килограми потребни се: зимски гуми на сите четири тркала со најмалку 4 милиметри длабочина на шарата или летни гуми со иста минимална длабочина, но со задолжителни синџири за снег во возилото.
Возилата со погон на сите четири тркала треба да имаат зимски гуми со најмалку 6 милиметри длабочина. Кај камионите и автобусите задолжителни се зимски пневматици на погонските тркала, како и лопата или синџири за снег.
Како зимски пневматици се признаваат гумите со ознаките „M+S“, „M&S“, „MS“ или со симбол снегулка на стилизирана планина.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
7час
-
7час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


