Ендру Маунтбатен Виндзор и Сара Фергусон/Фото: EPA/WILL OLIVER

Посрамената Сара Фергусон никогаш повеќе нема да стапне во Америка поради Џефри Епстин

Поранешната војвотка од Јорк, Сара Фергусон, „никогаш“ нема да се врати во САД од страв да не биде принудена да сведочи за озлогласениот Џефри Епстин и да се соочи со неговите жртви.

Поранешната сопруга на некогашниот принц Ендру целосно исчезна од јавноста откако јавно беа објавени досиејата на Епстин, кои ја открија нејзината поврзаност со осудениот сексуален престапник. Во документите беше откриено дека Џефри наводно финансиски ја издржувал повеќе од деценија и пол. Објавени беа и многу пораки, меѓу кои и една во која Фергусон му напишала на Епстин: „Само ожени ме“, а која му ја испратила една година откако тој беше осуден за барање секс од малолетно лице.

Сега, како што велат изворите, таа е сè повеќе загрижена за враќањето во САД, каде што често престојувала по разводот од Ендру во 1996 година, како што пишува „Дејли мејл“. Во Соединетите Американски Држави, таа ги промовирала своите деловни потфати, особено книгите и проектите за животен стил, а редовно се појавувала на тамошните телевизиски мрежи и учествувала во хуманитарна работа.

Американскиот претставник Сухас Субрамањам пред две недели ѝ испратил порака до Фергусон, барајќи од неа да сведочи пред Конгресот за Епстин и да открие какви било информации за неговото криминално минато. Во писмото во кое „со почит“ побарал нејзина соработка, тој ја замолил да достави докази што би можеле да помогнат во тековната истрага за операциите на Епстин за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.

Меѓутоа, Фергусон не е обврзана да се појави пред Конгресот ниту да одговори на неговото барање, со оглед на тоа што таа не е државјанка на САД.

Се чини дека неговото писмо многу ја загрижило Сара, која им открила на својот близок круг познаници дека не планира да се врати во САД.

„Сара јасно им стави до знаење на сите околу неа дека повеќе не планира да стапне во САД. Таа е исклучително загрижена поради реакцијата со која би можела да се соочи, и со жртвите на Епстин или поради испрашувањето од страна на Конгресот. Таа смета дека тоа би било неподносливо и не сака да биде ставена во позиција под заклетва каде што ќе биде прашана не само за Епстин, туку и за Ендру“, рекол изворот, кој нагласил дека ова е „тешка одлука“ за Сара, која некогаш била „длабоко вкоренета“ во САД.

Фергусон последен пат беше видена во јавност на 12 декември, на крштевката на својата внука Атена Мапели Моци. Меѓутоа, по низата скандали поврзани со Епстин, таа се повлече од јавноста, додека нејзиниот поранешен сопруг Ендру се соочи со апсење.

Ендру-Маунбатен Виндзор беше уапсен во февруари под сомнение за злоупотреба на јавна функција, под обвиненијата дека му испраќал доверливи владини документи на Епстин додека работел како трговски претставник помеѓу 2001 и 2011 година. Ендру помина 11 часа во притвор пред да биде ослободен.

Сара и Ендрју неодамна беа исфрлени од кралската резиденција, по што Фергусон наводно почнала да престојува во домовите на нејзините пријатели. Таа наводно поминала некое време во Обединетите Арапски Емирати, а претходно оваа година престојувала во добро позната клиника за закрепнување во Цирих.

Нов „удар“ за Сара Фергусон, одземена ѝ е почесната титулата поради врските со Епстин

ВИДЕО | По апсењето на Ендру: Неизвесна е судбината на Сара Фергусон и ќерките кои се во сенка на новиот скандал

Мајка од пеколот: Сара Фергусон ги носела своите ќерки на ручек со Епстин и ги откривала нивните тајни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот