Принцезата Беатрис и Принцезата Јуџини, Сара Фергусон - Фото: EPA/MASSIMO PERCOSSI

ВИДЕО | По апсењето на Ендру: Неизвесна е судбината на Сара Фергусон и ќерките кои се во сенка на новиот скандал

Сè повеќе прашања се отвораат за иднината на Сара Фергусон откако нејзиниот поранешен сопруг, Ендру Маунтбатен-Виндзор, денеска беше уапсен во Сандрингам. Поранешната војвотка од Јорк (66) се повлече од јавноста поради растечкиот гнев околу нејзините врски со осудениот педофил Џефри Епстајн, пренесува „Дејли Мејл“.

Според наводите, неодамна престојувала кај пријатели на француските Алпи, а потоа отпатувала во Обединетите Арапски Емирати. Таа минувала време и со помладата ќерка, Принцезата Јуџини (35), која поради работа престојувала во регионот и присуствувала на саем за уметност во Доха, Катар, како директорка во галеријата Хаузер и Вирт.

Фергусон не е видена во јавност од 25 септември 2025 година, кога беше фотографирана како го напушта Ројал Лоџ.

Принцезата Беатрис и Принцезата Јуџини, Сара Фергусон – Фото: EPA/MASSIMO PERCOSSI

Иако беа разведени три децении, таа и Ендру до неодамна живееја заедно во неговата луксузна вила во Виндзор. Но нејзината иднина дополнително се доведе во прашање откако Ендру, осми во редот за британскиот престол, на својот 66-ти роденден беше уапсен под сомнение за злоупотреба на службената положба и задржан во притвор.

Повеќе необележани полициски возила биле видени пред неговиот нов дом во Сандрингам, Норфолк, каде што живеел откако со Сара морале да го напуштат Ројал Лоџ. Неговата нова куќа, Вуд Фарм, исто така е предмет на интерес на истражителите.

Принцезата Беатрис и Принцезата Јуџини, Ендру Маунтбатен-Виндзор – Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Ова е првпат поранешниот принц, кој со години се соочуваше со обвинувања поврзани со Епстајн, да биде уапсен.

Полицијата соопшти дека се вршат претреси на адреси во Беркшир и Норфолк. Не е потврдено кои точно имоти се пребаруваат, но Ројал Лоџ се наоѓа во Виндзор (Беркшир), додека Вуд Фарм е во Сандрингам (Норфолк).

„Морам да се вратам на работа“

Извори тврдат дека Сара на пријатели им рекла: „Морам да се вратам на работа. Ми требаат пари“.

Ова доаѓа откако во електронска преписка меѓу неа и Епстајн открила дека повеќепати му барала финансиска помош за отплата на долгови, дури и по неговото ослободување од затвор поради сексуални престапи врз малолетници. Само пет дена по неговото излегување, таа ги однела своите ќерки, Принцезата Беатрис и Принцезата Јуџини, на ручек со него.

Принцезата Беатрис и Принцезата Јуџини – Фото: EPA/IAN LANGSDON *** Local Caption *** 00000402636386

Наводно, му испратила и приватно извинување затоа што јавно го осудила, објаснувајќи дека тоа го направила за да ја заштити својата кариера како авторка на книги за деца. Му напишала дека бил „постојан, дарежлив и врвен пријател“.

Спас на Блискиот Исток?

Кралскиот автор Ендру Лоуни, кој ја напиша книгата „Entitled: The Rise and Fall of the House of York“, тврди дека милионери од Дубаи и соседните земји како Бахреин и Катар веројатно веќе ѝ помагаат финансиски.

„Во Британија ни Сара ни Ендру никогаш повеќе нема да бидат прифатени во општеството. Но на Блискиот Исток тоа никого нема да го интересира. Таму има луѓе, членови на кралски семејства, политичари и бизнисмени, кои таа може да ги повика и кои со задоволство би ги финансирале“, рекол тој.

Според него, дури и ако ја изгуби титулата војвотка од Јорк, таа и понатаму ќе биде перципирана како член на кралското семејство и тоа може да ѝ отвора врати.

Засега – молк

Сара и нејзините ќерки, Јуџини и Беатрис, засега не се огласиле по апсењето кое привлече огромно внимание во јавноста.

Портпарол на полицијата на Темз Вели изјави дека маж во шеесеттите години од Норфолк е уапсен под сомнение за злоупотреба на службената положба и дека се вршат претреси на адреси во Беркшир и Норфолк.

Помошник-началникот Оливер Рајт додаде дека е поведена истрага по темелна процена и дека ќе бидат објавени нови информации.

Принцезата Беатрис и Принцезата Јуџини – Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот