Последната објава на Инстаграм на сопругата на Џон Траволта носи солзи на очите, нејзината смрт ги шокираше сите (ФОТО)

Веста за смртта на сопругата на славниот актер Џон Траволта, 57-годишната Кели Престон ја шокираше светската јавност, бидејќи многумина не знаеле за болеста со која таа се бори две години.

Кели Престон (57) почина на 13 јули 2020 година, откако ја изгуби битката со ракот на дојката
Фото: EPA-EFE/FRANCO ROBICHON

Како што откри Џон Траволта, за битката знаело само најтесното семејство и најблиските пријатели.

Почина сопругата на Џон Траволта: Кели Престон ја изгуби битката со ракот

Последната објава на Кели Престон на Инстаграм му е посветена на Џон Траволта и носи солзи на очите, токму како и онаа за нивната последна годишнина од бракот која ја прославија во септември минатата година.

Џон Траволта и покојната сопруга Кели Престон / 2018 / Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Тие две години, но и долги години претходно, Кели ги проживеа во среќен брак со Џон и нивните деца, а нејзината љубов кон нив често знаеше да ја сподели на социјалните мрежи.

Џон Траволта и покојната сопруга Кели Престон со семејството / Фото: EPA/CJ GUNTHER

„Среќен Ден на татковците на најдобриот татко кој го познавам, те сакаме“, напиша Кели на фотографијата на која таа насмевната позира со Џон, 20-годишната ќерка Ела и 9-годишниот син Бенџамин, а покрај неа објави и фотографија со синот Џет, кој почина во 2009 година на Бахамите откако по еден напад тој падна и ја удри гравата во када. Имено, Џеј бил аутистичен и често имал напади.

Фото: Инстаграм

Колку го сакаше Џон и колку беше заљубена во него и по 29 години брак, сведочи и објавата која му ја посвети минатата година, на годишницата од бракот.

Фото: Инстаграм

„На мојот најдраг Џон, најпрекрасниот маж кој го познавам. Ми даде надеж кога без изгубена, трепеливо и безусловно ме сакаше. Успеа да ме насмее повеќе од било кој човек во светот. Ти си татко од соништата и го правиш мојот живот толку забавен. Верувам во мојата љубов кон тебе. Знам дека со тебе ќе бидам добро, што и да се случи. Те сакам засекогаш и целосно. Среќна 28-годишнина од бракот“, напиша Кели.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот