Почина сопругата на Џон Траволта: Кели Престон ја изгуби битката со ракот

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Глумицата Кели Престон почина на 58-годишна возраст од рак на дојката. Тажната вест на Инстаграм ја потврди нејзиниот сопруг Џон Траволта.

EPA/WARREN TODA

„Со скршено срце ви јавувам дека мојата преубава сопруга Кели ја изгуби двегодишната битка со ракот на дојката. Храбро се бореше со љубов и поддршка од многумина. Љубовта на Кели никогаш нема да ја заборавиме. Ќе поминам некое време со нашите деца кои останаа без мајка им, па простете ми ако извесно време не слушнете ништо за нас. Знајте дека ја чувствувам вашата љубов во неделите и месеците пред нас, додека се обидуваме да ги залечиме нашите рани“, напиша Траволта.

EPA/CJ GUNTHER

Кели Престон ја помниме најмногу по улогите во филмовите „Близнаци“ и „Џери Мекгваер“, а последниот филм што го сними е „Последната песна“ со Мајли Сајрус.

Кели и Џон се венчаа во 1991 година и имаат две деца – ќерката Ела (20) и синот Бенјамин (9). Нивниот најстар син Чет почина во 2009 година.

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот