После Ѓорѓевиќ, уште еден „удар“ за српската репрезентација!

fiba.basketball

Марко Симоновиќ добро му оди на клупски план, еден од најзаслужните што Цедевита после едно продолжение го совлада ФМП и се пласираше во полуфиналето на Суперкупот на АБА лигата, каде што противник ќе биде Цибона или Будуќност.

После тој меч за „Моцарт спорт“, Симоновиќ откри дека одлучи да се прости од репрезентацијата на Србија со која освои два сребрени медали на Светското првенство 2014 и Олимписките игри во 2016 година.

Летово со српската репрезентација имаше амбиции да освои медал на СП во Кина, но не успеа во таквиот обид.

– Многу боли, силно боли. Сите имавме многу голема желба да освоиме медал. И не само медал, туку да го освоиме златото, бидејќи навистина чувствуваме дека можеме тоа да го направиме, имавме талент, имавме хемија, игравме кошарка. Но, ете еден слаб ден и толку. За жал, морам да се простам без медал. Очекував дека ќе освојам медал – вели Симоновиќ.

Поранешниот капитен на Црвена Звезда кој после две години поминати во рускиот Зенит, се врати во регионалното натпреварување и дефинитивно одлучи да стави крај на репрезентативната кариера.

Да додадеме уште дека после освоеното петто место на Мундобаскет, селекторката клупа ја напушти Александар Ѓорѓевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот