Порази на тројца македонски борачи на Европското првенство во Загреб

фото: facebook.com/mok.macedonia.5

На Европското првенство за сениори во борење што се одржува во Загреб, најпрвин победа оствари македонскиот репрезентативец Ахмад Магомедов со 8:0 против Станислав Новак од Молдавија во осминафиналето во категорија 79кг.

Во четвртфиналето Магомедов загуби од грчкиот натпреварувач Георгиус Коугимцидис со резултат 5:3.

Од останатите наши борачи на ЕП во хрватскиот главен град, Фати Вејсели (70кг) во квалификациите се бореше против Патрик Оленцзин од Полска.

Вејсели имаше високо водство од 9:2, но во последен момент ја испушти предноста и на крајот загуби со 9:11.

Во категоријата 97кг Могамедгаџи Нуров во осминафиналето со 5:2 беше совладан од противникот од Полска, Збингниев Барновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот