Пораз на одбојкарите и од Италија на Медитеранските игри

Фото: МОК

Одбојкарската репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир.

По вчерашниот пораз од Египет на стартот, одбојкарите денеска загубија од селекцијата на Италија со максимални 3:0 и тоа со 25:19,25:16,25:23.

„Аѕурите“ го потврдија својот квалитет во првите два сета кои ги добија без многу мака, додека во третиот сет нашите одбојкарите беа рамноправен противник се до самиот финиш, но не успеаја да освојат барем сет против фаворитот.

Капитенот Никола Ѓорѓиев беше најефикасен со 13 поени, Милев освои 7, Савовски 6, Маџунков 5, Костиќ 4, Илиев и Ѓорѓи Ѓорѓиев завршија со по 3, а шанса доби и Стефан Алексов, кој забележа 1 поен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот