Пораз на каратистите Заборски на стартот на Медитеранските игри

Фото: МОК

Петар и Симона Заборски се елиминирани уште на стартот на турнирот во карате на Медитеранските игри во Оран, Алжир кои започнаа вчера.

Петар Заборски е поразен од Хрватот Енес Габировиќ со 1:0, додека Симона загуби од каратистката од Србија, Тамара Живковиќ.

Борбата меѓу Заборска и Живковиќ заврши нерешено, но победата и припадна на српската каратистка бидејќи прва освои поен, односно сеншу.
Третиот македонски каратисти, Петар Спасеновски својата борба ќе ја има утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот