23 C
Скопје

Поранешните сопружници Џенифер Анистон и Џастин Теру сè уште се добри пријатели: Би било штета да не сме во контакт

По речиси четири години откако објавија дека се разделуваат, Џастин Теру вели дека тој и неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон сè уште се многу блиски пријатели, па дури и редовно се слушаат и си разменуваат пораки.

epa-efe
EPA/PAUL BUCK

Би рекол дека останавме пријатели. Не зборуваме секој ден, но се слушаме. Си испраќаме пораки. Сакале или не, ние не се разделивме на драматичен начин, се сакаме. Искрено тврдам дека го негуваме нашето пријателство“, откри 49-годишниот Теру во своето последно интервју за „Esquire“.

epa-efe
EPA/MICHAEL NELSON

Не можеме да бидеме заедно, но сепак делиме радост и пријателство. Таа е пресмешна, се смееме многу. Мислам дека би било штета да не сме во контакт. Се надевам дека и таа го мисли истото“, додаде тој.

epa-efe
EPA/PAUL BUCK

Анистон и Теру првпат започнаа да се забавуваат во 2011 година. Една година подоцна ја објавија својата веридба, а потоа тајно се венчаа со интимна церемонија во август 2015 година. Две и пол години подоцна, парот објави дека се разделуваат.

epa-efe
. EPA-EFE/YOAN VALAT

Одлуката беше взаемна. Ние сме двајца најдобри пријатели кои решија да се разделат како двојка, но со нетрпение очекуваме да продолжиме да го негуваме нашето пријателство… Нормално, ова би го сториле приватно, но со оглед на тоа што многумина не можат да одолеат на можноста да шпекулираат и да измислуваат разни приказни, ние сакавме директно да ја пренесеме вистината… Пред сè, решени сме да ја задржиме длабоката почит и љувов што ги имаме еден кон друг“, стоеше во соопштението во јавноста.

Поврзани вести

ФОТО: „Јас се викам Ивана“: Девојчето од спотот на Здравко Чолиќ носи голема болка во себе

Слободен печат

Наталната карта на Меган Маркл откри сѐ! Затоа таа предизвика проблеми со кралското семејство

Слободен печат

ФОТО: Во мај вакцинација кај Дракула: Лекари со вампирски заби делат бесплатни вакцини

Слободен печат

Нов пресврт: Бракот на Бил и Мелинда Гејтс се распаднал поради милијардерот педофил?

Слободен печат

ВИДЕО: Илон Маск откри дека страда од Аспергеров синдром, кој можеби е тајната на неговиот успех

Слободен печат

ФОТО: Барак Обама тагува: Тежок ден за нас, многу ќе ни недостасува

Слободен печат

Остави Коментар