Поранешниот сопруг на Бритни Спирс се обидел да ѝ ја уништи свадбата: Полицијата го уапсила

џејсон александер
Џејсон Александер, Бритни и Сем / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Џејсон Александер, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, беше уапсен поради неовластен пристап до нејзиниот дом во Калифорнија неколку часа пред пејачката да се омажи за Сем Асгари, пренесува „ТMZ“.

Бритни Спирс денеска се мажи во „строга тајност“: Сите детали од интимната церемонија

Поранешниот пријател од детството со кој Бритни стапи во брак во 2004 година, но и се разделија само неколку дена подоцна, на „Инстаграм“ непосредно пред апсењето објави дека планира да влезе на свадбата иако не бил поканет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @farandulanews

Александер на социјалните мрежи објави и видео од упадот. Тој стигнал дури до шаторот каде што се случувала венчавката и разговарал со членови на обезбедувањето на кои им рекол дека Спирс го поканила на свадбата. Потоа се заканил дека ќе ѝ го уништи големиот ден.

„Џејсон Александер е уапсен. Благодарен сум на шерифот на одделот Вентура за добрата работа и брза реакција“, изјави адвокатот на пејачката Метју Розенгарт за „PageSix

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CanIndia News (@canindianews)

Да потсетиме, Бритни Спирс се омажи за долгогодишното момче Сем Асгари. Интимната церемонија се одржа во четвртокот во Лос Анџелес во нејзиниот дом, а присуствуваа околу 60 најблиски пријатели на парот и дел од семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот