Џастин Теру и Никол Брајдон Блум / Фото: EPA/FABIO FRUSTACI

Поранешниот на Џенифер Анистон очекува дете со 23 години помладата сопруга

Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон, актерот Џастин Теру, го очекува своето прво дете со 23 години помладата сопруга, актерката Никол Брајдон Блум.

Среќната вест дека 54-годишниот актер и неговата 31-годишна сопруга наскоро ќе станат родители ја потврди „Пипл“.

Тие се венчаа оваа пролет, иако романтичните гласини почнаа да кружат две години порано.

Џастин и Никол првпат беа поврзани во февруари 2023 година, кога беа видени заедно на настан на „Нетфликс“. Само неколку месеци подоцна, во август, папараците ги фотографираа како разменуваат бакнежи за време на романтичен состанок.

Тие го имаа своето „официјално“ деби на црвениот тепих во 2024 година, кога блеснаа заедно на забавата на „Венити фер“. Кратко потоа, во текот на летото 2024 година, беше откриено дека се свршени.

Иако нивната врска се разви брзо, двојката успеа да остане дискретна, со малку јавни појавувања и без прекумерна медиумска експонираност.

ФОТО | Џенифер Анистон ја потврди врската со романтична објава на Инстаграм: Му честиташе роденден на момчето Џим Кертис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот