Поранешниот италијански премиер ја шокираше јавноста: Со коронавирус се заразени 12 милиони Италијанци (ВИДЕО)

Некогашниот претседател на Демократската партија, една од најголемите италијански партии, наведе дека треба да се разгледува постепеното укинување на карантинот и отворање на земјата, пренесуваат италијанските медиуми.

Со коронавирусот во Италија се заразени 12 милиони луѓе, изјави поранешниот италијански премиер Матео Ренци, кој се заложи за повторно „отворање на државата“.

Ренџи, кој беше на чело на италијанската влада од февраури 2014 година до декември 2016 година, тоа го кажа во вклучувањето во живо на Фејсбук профилот. Тој се повика на проценката на епидемиолозите дека меѓу 10 и 20 отсто од жителите на Италија се заразени, ама не развиле симптоми.

-Тоа значи дека се заразени меѓу шесто до 12 милиони Италијанци. Тие луѓе развиле антитела и можат поинаку да живеат. Значи, треба да се сфати колку луѓе навистина се заразени – рече Ренци и повика на масовно тестирање за да се утврди кој го прележал вирусот.

Publiée par Matteo Renzi sur Dimanche 29 mars 2020

Некогашниот претседател на Демократската партија, една од најголемите италијански партии, наведе дека треба да се разгледува постепеното укинување на карантинот и отворање на земјата, пренесуваат италијанските медиуми.

Buongiorno! Le mie considerazioni di ieri hanno aperto una discussione molto seria e accesa, specie tra chi ha fatto la…

Publiée par Matteo Renzi sur Dimanche 29 mars 2020

Како што објасни „се ближиме кон окупациски масакр и не можеме да чекаме вакцина затворени дома“

Додаде дека би требало да се спречи „убиството на секторот услуги, туризам и производство“.

– Потребни ни се конкретни предлози. Ако не работите, не донесувате пари дома. Можеби нема да умрете од Ковид – 19, но од глад да. Не можеме да се затвориме дома две години, не можеме да издржиме тоа економски, наведе меѓу другото поранешниот италијански премиер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот