Поранешната „Спајсица“ поради бојата на кожата ја исфрлиле од луксузен бутик

Англиската пејачка Мелани Браун, позната како Мел Би (45) и членка на поранешната најпопуларна британска женска поп група под називот „Spice Girls“ проговори за своето лично соочување со расизмот.

– Некогаш расизмот беше премногу очигледен. Еднаш ме замолија да го напуштам луксузниот бутик на едно дизајнерско студио кога со девојките од групата настапувавме за Принцот Чарлс и Нелсон Мендела. Непријатно е, бев шокирана, бидејќи кога имате поинаква боја на кожа секогаш постои некој кој сака со вас да се соочи, изјави таа.

Таа откри дека и фризерите често и барале да и ја исправат косата, со оглед на тоа дека има долги црни локни.

– Се сеќавам кога прв пат го снимавме видеото за песната „Wannabe”. Имавме неколку стилисти и еден од нив ми кажа: „Се е добро, но косата мора да ја исправиме. Јас го одбив тоа, бидејќи мојата коса е мој идентитет, она што ме прави поинаква од сите други девојки во групата“, раскажа Мел Би.

инстаграм

Нејзиниот татко Мартин е со потекло од Карибите, а мајка и е Британка.

– Мојата мајка се дружеше со една госпоѓа чие дете исто така имаше боја на кожа како мојата. Таа девојка и денес ми е добра пријателка, често се дружиме, заклучи Мел.

Мел Би за ова проговори откако ширум светот се одржуваат протести под називот „Black Lives Matter” по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд на 25-ти мај 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот