Поранешната девојка на Бруклин Бекам: „Викторија еднаш повика папараци да нè фотографираат“
Пејачката Талија Сторм тврди дека Викторија Бекам во една прилика намерно повикала папараци за да ја фотографираат заедно со нејзиниот син, Бруклин Бекам. Според неа, настанот се случил пред околу десет години, во периодот кога таа и Бруклин, како тинејџери, имале кратка романтична врска, пишува „Ју-ес викли“.
Препорачано
Во интервју за емисијата на Пирс Морган, Сторм раскажа дека сè се случило за време на нејзина музичка проба. Ѝ било чудно што уште во текот на денот било испратено обезбедување да ја провери локацијата. Подоцна истата вечер, кога излегувале од објектот, ги пречекале бројни фотографи.
„Во тој момент навистина се исплашив“, изјавила таа, додавајќи дека претходно веќе ги запознала родителите на Бруклин во многу опуштена атмосфера. „Дејвид го донесе Бруклин кај мене дома, ја запознав Викторија додека беше во пижами, сè беше пријатно и без никаква тензија“, се присети таа.
Талија објаснила дека присуството на обезбедување ѝ било сомнително.
„Ми беше малку чудно што дојде на настап и однапред испрати обезбедување. Си помислив: ‘Ние сме сосема опуштени, ова не е ништо сериозно. Доаѓаше кај мене дома и таму немаше никакво обезбедување’“, раскажа таа.
Кога излегле и биле опколени од фотографи, Сторм се исплашила дека Бруклин ќе помисли дека таа стои зад сè.
„Си реков: ‘О, Боже, не сакам да помисли дека јас го организирав ова.’ Но подоцна, години подоцна, ми кажаа дека информацијата дошла од тимот на Викторија“, тврди таа.
Талија се осврна и на личниот развој на Бруклин Бекам.
„Тој конечно наоѓа сила и храброст да каже: ‘Почекајте малку, јас не сум некој што само го изложуваат.’ Навистина чувствувам големо сочувство кон него“, додаде таа.
Талија Сторм и Бруклин Бекам накратко беа поврзани во 2014 година, кога двајцата беа тинејџери.


