Поранешната девојка му побарала помош: Елтон Џон со својот потег покажа колку големо срце има

profimedia
профимедиа

Тие двајца биле заедно во седумдесетите, а Линда била инспирација за песната „Someone saved my life”.

Музичарот Елтон Џон веќе неколку години е во брак со Дејвид Фурниш, со кој има и два сина, а сега во јавноста се појави информација како тој и помогнал на својата поранешна девојка.

Иако веќе подолго време е во љубов со маж, Елтон пред неколку децении бил со девојката Линда Ханон која се нашла во невоља.

Тие двајца биле заедно во седумдесетите и таа била инспирација за песната „Someone saved my life”. Кога дознала дека и е неопходна итна операција, вградување на вештачки чашки на колената, Линда му се обратила на Џон.

инстаграм

– По долго размислување испратив мејл до менаџментот на Елтон. Вметнав и неколку детали на кои само тој би се сетил, поврзани за нашиот однос, изјави Линда за британските медиуми.

Откако му се обратила за помош, Елтон веднаш стапил во контакт со неа и и ја платил операцијата, пренесува „The Sun“.

По врската со Линда, Елтон бил во брак со Рената Блауел во текот на осумдесетите, но во 1988 се развеле и тој тогаш објавил дека всушност сака мажи.

Елтон е во врска со Дејвид од 1993 и заедно ги имаат седумгодишниот Илајџа и деветгодишниот Закари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот