Поранешиот шеф на МИ6: Коронавирусот потекнува од лабораторијата во Вухан

Фото: Википедиа

Бившиот шеф на британската тајна разузнавачка служба МИ6, Сер Ричард Дирлав, изјави дека сака поотворена дискусија за потеклото на пандемијата на коронавирус.

Дирлав предупредува дека идејата дека вирусот би можел да потекнува од лабораторијата не треба да се отфрли.

Дирлав изрази уверување дека вирусот што предизвикува Ковид-19 бил вештачки направен и дека случајно избегал од лабораторија во кинескиот град Вухан, каде биле идентификувани првите жртви.

Неговото мислење е во спротивност со ставот на научниците, како и на американските и британските разузнавачки служби, дека коронавирусот САРС-КоВ-2 не бил создаден од човек.

Коментарите на Дирлав доаѓаат додека тим научници од Светската здравствена организација (СЗО) се подготвуваат да патуваат во Кина оваа недела за да го испитаат потеклото на болест во која загинаа повеќе од половина милион луѓе ширум светот.

„Јас сум поддржувач на теоријата дека вирусот потекнува од Институтот Вухан (за вирусологија)“, рече Дирлав, кој служеше како шеф на МИ6 помеѓу 1999 и 2004 година.

„Не велам ништо друго, освен дека тоа е последица од несреќа и дека вирусот е резултат на експериментите што биле извршени во Вухан, и за кои не мислам дека се особено погрешни“, рече Дирлав.

Слични тврдења на ова имаше и во април годинава, кога припадник на Кобра (одбор за реакција во кризни ситуации предводена од Премиерот на В. Британија, Борис Џонсон) изјави дека добил детални класифицирани брифинзи од безбедносните сили за кои вели дека не’ го оспоруваат фактот дека вирусот потекнува од животни, но исто така не ја оспорувал ниту дилемата дали овој вирус се раширил меѓу луѓето откако најверојатно „избегал“ од лабораторија во Вухан.

Повторно се отвара прашањето: Дали коронавирусот „избегал“ од најнапредната кинеска лабораторија, која се наоѓа во Вухан?

„Има кредибилно алтернативно гледиште на првичната теорија (дека човек се заразил од живо животно при познатиот маркет за животни и риби, Хуанан) кое се базира на самата „природа“ на вирусот. Можеби и не е коинциденција фактот дека во Вухан се наоѓа најнапредната лабораторија во кина. Тоа не може да се игнорира“, истакна тогаш припадникот на Кобра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот