Поранешен НБА играч кој играше со Леброн Џејмс сега е бездомник (ВИДЕО)

Делонте Вест ги поминува најтешките моменти во животот.

Поранешниот соиграч на Леброн Џејмс и кошаркар кој има повеќе од 500 натпревари во НБА лигата, Делонте Вест е фатен на видео снимка во лоша состојба со лисици на рацете. Тоа е епилогот на инцидентот кој се случил во Вашингтон, во кој Вест е претепан среден улица, а потоа беше приведен од полицијата.

По завршувањето на НБА кариерата во 2015 година, Делонте Вест често влегуваше во проблеми поради алкохолот, дрогата и тепачките.

Уште од 2016 година е објавено дека Вест, за кого се шпекулираше дека имаше афера со мајката на Леброн Џејмс, е бездомник кој проси за пари, а минатата година на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа дека тој се наоѓал во многу лоша состојба.

Веднаш откако на Твитер се појави видео од тепачката и апсењето на Делонте Вест, негов роднина откри дека поранешната НБА ѕвезда има психички проблеми и дека на улиците во Вашингтон моли за пари.

Делонте Вест најдобрите моменти во НБА кариерата ги имаше во Кливленд кавалирс каде играше заедно со Леброн Џејмс, а на почетокот од кариерата три сезони помина во Бостон селтикс. Има настапувано уште и за екипите на Сиетл и за Далас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот