Поранешен американски тенисер објасни зошто повеќето навивачи не го сакаат Ѓоковиќ

Ѓоковиќ во однос на Рафа и Федерер има убедливо најмалку фанови/Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Новак Ѓоковиќ брка рекордна 21 грен слем титула на „УС Опен“. Од тој успех, му недостасуваат само три победи откако стигна до четвртфиналето на последниот грен слем турнир.

Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Рафаел Надал имаат по 20 Грен слем титули, а српскиот тенисер сега има можност да се издвои од големата тројка во Њујорк (САД).

Иако тројцата имаат најдобри резултати, Ѓоковиќ има убедливо најмалку фанови.

– Имам чувство дека луѓето не го сакаат Ѓоковиќ затоа што ги победува нивните омилени тенисери – рече поранешниот американски тенисер Марди Фиш, откако српскиот тенисер ниту годинава не беше воодушевено пречекан од навивачите на УС Опен.

– Луѓето ги сакаат Рожер и Рафа, така што Новак никогаш нема да може да им биде драг – рече Американецот и додаде дека српскиот ас виќ, за разлика од Федерер и Надал, својата кариера ќе ја заврши со најмалку 23 грен слем титули.

Фиш ја заврши кариерата во 2015 година, тој беше седмиот тенисер во светот пред 10 години и освои олимписко сребро на Игрите во 2004 година.

Тениската асоцијација на Ѓоковиќ доби моќна поддршка, тоа е основачот на АТП

Видео на денот