МАПА: Еве кои улици се затворени попладнево во Скопје

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска од 17:00 часот во Скопје ќе функционира посебен режим на сообраќај поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Синдикалците на протест за повисоки плати, бараат минималец од 600 евра

Протестниот марш ќе започне во 17:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикати на улицата „Мирче Ацев“, по што учесниците ќе се движат низ централното градско подрачје по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“, „Васил Главинов“, како и по булеварите „ВМРО“ и „Илинден“, со крајна дестинација пред зградата на Владата.


Поради движењето на колоната, полицијата ќе воведе привремени сообраќајни ограничувања и пренасочувања на возилата по дел од овие улици, во зависност од динамиката на протестот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициските екипи ќе бидат на терен за да го регулираат сообраќајот и апелираат до граѓаните да ги почитуваат нивните насоки и наредби.

Оттаму препорачуваат возачите навреме да ги испланираат своите обврски и, доколку е можно, да користат алтернативни правци за движење.

Сојузот на синдикати организира голем протест: Дојдете на улица, не плашете се, само така ќе има поголеми плати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот