Поп Арсова со нов државен рекорд на 10.000 метри во атлетика

Временските услови не беа никаква пречка за првопласираната Адријана Поп Арсова на првото место/Фото: Атлетска федерација на Македонија

За скоро цела минута Адријана Поп Арсова, на Купот на Македонија во атлетика на 10.000 м успеа да го подобри сопствениот, а воедно и националниот рекорд со време 35:00,30 мин., кое претходно изнесуваше 35:53,33 мин.

Временските услови беа исклучително лоши, но тоа не беше никаква пречка за Поп Арсова да го постави новиот државен рекорд.

Купот на Македонија на 10.000 метри се одржа на 17 април, како прв натпревар на стаза за 2022 годинa во организација на Атлетската федерација.

Победници се Адријана Поп Арсова и Атанас Анчевски од Атлетскиот клуб „Делта“ од Скопје.

Целосните резултати во Купот на Македонија можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот